Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Македонија од Сплит се враќа со седум медали: Супер премиера на Плазма спортските игри за млади

21 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На популарната сплитска Рива свечено беше затворена меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите, со што заврши и историското прво учество на Македонија во големото семејство на Игрите.
  • Неколку дена Сплит беше домаќин на младите спортисти од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија, кои преку спортот се натпреваруваа, дружеа и создаваа нови пријателства.
  • СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА
  • Македонските млади спортисти меѓународната завршница ја завршија со седум медали – три сребрени и четири бронзени. Првиот медал за Македонија го освои Наум Насковски, кој стигна до бронзата во трката на 60 метри.
  • Бронзен медал освои и Ролинг од Струмица во баскет 3×3. На шаховскиот турнир, Македонија имаше двоен успех. Илијана Велева од Свети Николе освои сребро во женска, а Давид Атанасовски од Гази Баба во машка конкуренција.
  • Уште три медали пристигнаа од пинг-понгот. Јован Пармачки од Берово го освои сребрениот медал, додека Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево стигнаа до бронзата.
  • Медалите ги доделуваа светски познатата тенисерка од Белград Ана Ивановиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Славен Билиќ а меѓу присутните беше и Жељко Обрадовиќ.
извор

Лукавиот Златко кој го насанка цел Баерн со сè Олисе, Кејн и директорите

14 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
  • Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
  • Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
  • „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
  • А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
  • „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
извор

Македонија го совлада Косово на гости

13 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
  • Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
  • На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Два различни родителски пристапа

Балканштина
2

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Работа
3

А вие за Груевски се чудевте

Македонски рулет
4

Тачдаун

Онака
5

Атлетико го доби Јунајтед, Баерн прими 3 од Викинг, Интер 4 од Клуб Бриж

Фудбал
6

Безбедно ли е за Груби на слобода?

7

Драги млади луѓе

Забава
8

Ла Лига прашува: Каде е Димитриевски?

Фудбал
1

Ла Лига прашува: Каде е Димитриевски?

Фудбал
2

Атлетико го доби Јунајтед, Баерн прими 3 од Викинг, Интер 4 од Клуб Бриж

Фудбал
3

30 години од легендарното соло на Роналдо, Боби Робсон се чудеше

Фудбал
4

Мурињо одма направи смешка во Рим

Фудбал
5

100 минути фудбал во Валенсија со шест гола од кои три во судиско

Фудбал
6

Малку треба да го станеш Мика од столче

Фудбал
7

Овие од Галатасарај правеле дубара со бучавата?

Навивачи
8

Јамал ги шашардиса Турците

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Два различни родителски пристапа

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Балканштина

Деманти се за наивни

Балканштина

Еволуција на еден разговор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Со други зборови, му се рика

Коцки мраз од по 8 долари се продаваат како алва

Македонија е грчка?

Албер Ками до неговиот учител oд основно

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy