Македонија го претстави тимот за Зимските олимписки игри
22 јануари 2026
- Четворица спортисти со исполнета олимписка норма ќе ја претставуваат Македонија на Зимските Олимписки игри 2026, кои ќе се одржат во Кортина д’Ампецо и Милано во периодот од 6 до 22 февруари.
- Во нордиско скијање ќе имаме претставници во спринт и во трката на 10 километри со интервален старт. Во женска конкуренција ќе настапи Ана Цветановска, а кај мажите Ставре Јада. Во алпско скијање, македонските бои ќе ги бранат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски, кои ќе настапат во слалом и велеслалом.
- Од Македонски олимписки комитет потврдија дека целиот тим е подготвен за олимпискиот предизвик и дека очекувањата се насочени кон достојни настапи и собирање драгоцено искуство на најголемата светска спортска сцена.