- Во октомври минатата година одигравме 0:0 на гости кај Белгија и тоа даде надеж дека можеме да им парираме на најдобрите. Следуваше ремито 1:1 со Казахстан во Скопје, па дуелот без голови во контролниот меч со Летонија и 2025 година ја завршивме со дебаклот во Кардиф и поразот од 7:1.
- Новата 2026 година ја почнуваме со нов висок пораз од 4:0, па Македонија во последните пет меча има биланс од три ремија и два порази и гол-разлика само од два дадени и дури 12 примени гола.
- Последната победа над подоброрангирана селекција на ФИФА-листата од нас е таа од пред четири години во Палермо над Италија. Во последните четири години наместо да напредуваме, ние „се лажеме“ со победи над селекции како што се Ерменија, Летонија, Фарски Острови, Лихтенштајн, Малта, Казахстан… сите послабо рангирани од Македонија на ФИФА-листата.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.