Ливерпул плати 63,6 милиони евра за 20-годишен стопер
3 февруари 2026
- Младиот Французин Жереми Жаке кој игра стопер, потпишал договор со Ливерпул во трансфер во кој неговиот досегашен клуб Рен ќе добие 63,6 милиони евра. Ливерпул и Рен се договорија Жаке да остане во францускиот прволигаш до крајот на сезоната, по што Жереми ќе ги почне подготовките за новата сезона со новите соиграчи.
- Ливерпул долго време се обидуваше да му најде идеален партнер на капитенот Вирџил Ван Дајк, но никако не успеа. Сега се обидува со скапоцен трансфер на млад француски репрезентативец.
- Жаке сезонава забележал 18 настапи за Рен во француските Куп и првенство. Дебитирал во јануари 2024-та за првиот тим и досега одиграл 31 натпревар. Во меѓувреме бил позајмен и во второлигашот Клермон. Тој настапува за Франција У-20 и нема уште настап за сениорскиот состав на триколорите.