- Откако Јирген Клоп најави дека заминува по крајот од сезонава, Ливерпул веќе пар месеци е во активна потрага по негов наследник. Изборот изгледа падна на холандскиот стратег Арне Слот, тренерот на Феенорд.
- Ливерпул ќе треба да плати оштета од околу 15,5 милиони фунти за актуелниот предводник на Феенорд и неговиот стручен штаб кој целосно би се преселил на „Енфилд Роуд“.
- Арне Слот е поранешен фудбалер кој целата своја кариера ја минал во Холандија. Играл за Цволе, НАЦ Бреда, Спарта Ротердам. Како тренер ги водел Камбур, АЗ Алкмар и Феенорд. На клубот од Ротердам му донесе децениски чекана титула во 2023-та година а сезонава освоија и Куп на Холандија. Во 2022-ра играа и во финале на Лига Конференции каде загубија од Рома.
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.
- Врвниот француски плејмејкер Силвен Фрасиско пред само неколку недели премина од литвански Жалгирис во АСВЕЛ. Но во францускиот клуб и покрај силните најави за рекорден буџет и многу засилувања, очигледно нешто не е како што треба па играчите кои летово дојдоа сега би можеле да си одат.
- Еден веќе си отиде: и тоа најголемата ѕвезда Силвен Франсиско кој потпиша со Панатинаикос и му се приклучи на ѕвездениот состав на Жељко Обрадовиќ.
- Свесен дека нема ништо од „историскиот буџет од 53 милиони евра“ туку дека ќе имаат на располагање 24 милиони евра, Тони Паркер, првиот човек на АСВЕЛ решил само да го проследи Франсиско во Панатинаикос откако добил богата понуда од милијардерот Јанакопулос.
- „На почеток претседателот на АСВЕЛ Тони Паркер не беше спремен да се откаже од Франсиско, но на крајот ја прифати понудата на Панатинаикос, откако сопственикот на грчкиот клуб Димитрис Јанакопулос одлучи да му ја исполни најголемата желба на Жељко Обрадовиќ кој Французинот од почеток го гледаше како идеално решение за позицијата плејмејкер. Јанакопулос направи решителен потег и му понуди на АСВЕЛ милион евра за раскин на соработката со Франсиско. После неколку дена преговори Паркер прифати“, вели грчкиот портал СДНА.
- Панатинаикос направи страшен состав па така Жељко Обрадовиќ ќе ги има на располагање: Силван Франсиско, Костас Слукас, Џереми Грант, Кендрик Нан, Бранку Бадио, Најџел Хејс-Дејвис, Исак Бонга, Жерсон Јабуселе, Хуанчо Ернангомез, Костас Митоглу, Матијас Лесор и Мустафа Фол кој дојде од најголемиот ривал Олимпијакос.
- Од екипата заминаа: Мариус Григонис, Кенет Фарид, Ти-Џеј Шортс, Алескандрос Самодуров, Џеди Осман (отиде во лутиот ривал ПАОК) и Василис Толиопулос.