- Хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда разбуди многу спомени, пред сè кај постарите љубители на поранешниот носталгичен југословенски фудбал.
- Во Скопје дојдоа бројни легенди на српскиот клуб, а присуствуваа и десет вардарови легенди.
- Во името на Вардар, присутни беа Кочо Димтровски, Ѓоре Јовановски, Цоле Урошевиќ, Бобан Бабунски, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Ванчо Балевски, Коки Аврамовски и Зоран Бошковски - Чоко.
- Кај Црвена Звезда тоа беа Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ Пижон, Цвјетин Благојевиќ, Здравко Боровница, Дејан Лекиќ, Неделко Милосављевиќ, Станислав Караси, Горан Попов, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Жарко Ѓуровиќ, Санибал Ораховац, Владислав Мирковиќ и Душко Тошиќ.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.
- Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ и најзаслужен за две европски шампионски титули, Грузиецот Хвича Кварацкхелија синоќа пружи извонредна партија во победата 4:2 против Барселона, но за жал се повреди во 59' минута при еден дуел со Чави Еспарт и не можеше да го продолжи натпреварот.
- Денешните и синоќешните снимки покажале дека Кварацкхелија ги скинал предните вкрстени лигаменти, што е една од најтешките повреди кај спортистите. Го очекува пауза најверојатно до крајот на сезоната, односно околу 8-9 месеци.