Лазаров остана без леви крила, Гоце Ојлески е на пат за Данска
19 јануари 2026
- Селекторот на Македонија се соочи со проблеми на мечот против Португалија. Се повредија двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ.
- Дополнително го повика Гоце Ојлески, кој веднаш се качи на авион за Данска, за да биде во комбинација за мечот против Романија, закажан за вторник со почеток од 18 часот.
- Ојлески ги одработуваше подготовките со Охрид, но беше и на резервниот список на Лазаров.