- Управата на ЛА Клиперс го известила ветеранот Крис Пол (40) дека веќе не сметаат на него и дека е ослободен од обврските и го пратиле дома пред да патуваат за Атланта за дуел со Хокс во среда вечер.
- Во официјално соопштение на клубот ЛА Клиперс велат дека тие се разделуваат со Крис и дека тој веќе нема да биде дел од тимот. Му се заблагодаруваат како легендарен Клипер кој имаше историска кариера.
- Останува да се види како ќе оди разделбата ако се има предвид дека Крис Пол има договор за плата во висина од 3,6 милиони долари. ЛА Клиперс има очаен старт на сезоната со ужасен учинок 5-16.
- Тој е легенда на НБА со дури 12 Ол-Стар натпревари. Сезонава имаше 2,9 поени во просек со 3,3 асистенции по натпревар на 16 настапи. Проблемите на Клиперс се подлабоки, не е тука крив Крис Пол туку повредата на Кавај Ленард, слабите игри на Џејмс Харден, слабата одбрана, лошите трансфери и отсуство на контрола врз играчите од тренерот Тајрон Лу.
- Крис Пол ја започна својата НБА кариера во 2005-та кога беше избран како 4. пик на драфтот од Њу Орлеанс Пеликанс каде во следните шест години беше нивна главна ѕвезда.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.