- МЗТ Скопје обезбеди ново финале во македонската кошаркарска лига каде ќе се бори за шампионска титула против подобриот од дуелот ТФТ Скопје - Раобтнички каде Тафталиџани водат со 2-0.
- МЗТ Скопје го совлада Куманово на гости за конечни 3-0 во полуфиналната серија. Уште на полувреме во салата во училиштето „Перо Наков“ Аеродромци водеа 28-53 поради што домашните навивачи гневни влегле на теренот да се пресметаат со своите играчи. Го нападнале Тадија Тадиќ на кого сакале да му го соблечат дресот. Реагирале редарите и полицијата.
- „Приведени се две лица, лишени се од слобода А.Ј. (36) И Д.С. (29), двајцата од Куманово поради тоа што нападнаа играч од домашната екипа за да му го соблечат дресот. Тие се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопштија од кумановското МВР.
- Ова е којзнае кој инцидент сезонава од навивачите на Куманово. КФМ еднаш ги казни но после ова веројатно ќе следува подолга суспензија на клубот.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.