Кој носи повеќе пари дома, Кариус или Дилета Леота?
28 јануари 2025
- Лорис Кариус од годинава е нов член на второлигашот Шалке со кој потпиша договор до крајот на сезоната.
- Билд ја објави неговата плата, па почнаа да му го прават домашниот есап, заедно со примањата на жена му.
- Германскиот голман за шестмесечниот ангажман се согласил да брани за 150.000 евра или 25.000 евра месечно, а Дилета со ДАЗН има договор од 1 милион евра годишно.
- 31 годишниот Кариус играше за Мајнц, Ливерпул, Бешикташ, Унион Берлин и Њукасл и нема ниту еден трофеј во кариерата, но затоа ја има најпосакуваната тв водителка во Италија.