- По болната елиминација на пенали од Босна и Херцеговина во баражот за Светско првенство, трета по ред после оние со Шведска и Македонија, Гатузо сигурно нема да остане на клупата.
- Скај Спорт одвојува две имиња за нов селектор, тоа се Масимилијано Алегри од Милан или Антонио Конте од Наполи кој беше селектор пред неколку години. Прашање е само колку нивните клубови би биле спремни пред време да се разделат со своите тренери.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.