- Во опширно интервју за Атлетик, некогашниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул кој на црвените им донесе титула после цели 30 години чекање и трофеј во Лига на шампиони, вели дека не сака да чуе да се врати во фудбалот.
- На прашањето дали чека пред тв да почне фудбал за викенд, вели: „Ни. Под. Разно.“ „Не знам ни кога почнуваат натпреварите. Надвор бев скроз. Спортував, уживав во животот, поминав време со внуците, целосно нормални работи зошто знам дека ќе работам пак. Но исто така знам дека веќе не сакам да работам како тренер. Не ми фали ништо.
- Сега можам да одам на одмор кога јас ќе кажам, односно кога ќе каже Ула (се смее), а не кога Бундеслига или Премиер ќе каже. За 25 години два пати сум бил на свадба од кои еднаш на мојата а другата пред два месеци. Во 25 години четири пати отидов во кино и тоа сите четири пати во последниве осум недели. Бев во толку многу земји како тренер и не видов ништо од нив; само хотел, стадион и терен за тренинг. Ништо друго. Не ми недостига (фудбалот).
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.