- По двата убедливи порази од Колштад и Алборг, Еурофарм Пелистер утре со почеток од 18:45 во ЛШ го пречекува германскиот гигант Кил.
- Четирикратниот европски првак го најави гостувањето во Битола како најдолго патување на сезоната.
- Прво ќе фатат авион до Унгарија, па уште еден до Охрид, за во последните 70 километри до Битола да се клацкаат со автобус околу саат и пол.
- Легендарниот фудбалер на Црвена звезда и Милан, повеќекратен европски шампион, Дејан Савиќевиќ кој е претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, се соочил со очекувана казна за прекршоците кои ги направил во сообраќај.
- Савиќевиќ во неделата во Херцег Нови возел брзо и одбил алко-тест кога полициска патрола го сопрела неговото возило. Сега судија за прекршоци му изрекол казна со одземање возачка дозвола на 4 месеци и парична казна од 1.000 евра.
- Концертот на озлогласениот хрватски пејач близок до усташката идеологија чии настапи претходните години беа забранувани во Германија, Швајцарија и Австрија, во саботата одржа масовен концерт на Хиподром во Загреб.
- Организаторите соопштија дела 504.000 присутни лица на концертот поставиле нов светски рекорд. На истиот присуствувал и познатиот трофеен голман Филип Ивиќ, хрватски репрезентативец. Поради ова неговиот клуб РК Војводина каде потпишал пре само три недели, му го раскинал договорот.