- Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу ФК Вардар и Црвена Ѕвезда, предизвикува огромен интерес. Продадени се повеќе од 15.000 билети.
- Со цел да се избегнат гужвите пред влез, управата замолува посетителите да влезат на стадионот најмалку половина час порано, односно околу 19.30 часот.
- Фан зоната на гостинскиот клуб ќе биде лоциарана кај фонтаната во Градскиот парк. Ги замолуваме гостинските навивачи да купуваат влезници за Источната трибина.
- Билетите се стриктно нумерирани и броени, така да нема да има никакво неовластено и прекумерно влегување на натпреварот, стои во соопштението на ФК Вардар.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.