- После неколку дневни нагаѓања дали шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе игра во Париз на Ролан Гарос поради повредата која ја задоби на турнирот во Барселона и поради која паузира.
- „Имам уште многу долга кариера пред мене, да се исфорсира овој Ролан Гарос би можело да значи сериозно да си ги компромитирам можностите за идни турнири. Би сакал да се вратам можеби подоцна но во добра форма, отколку да се вратам поскоро но во лоша состојба“, рекол Алкараз на прес-конференција во Мадрид откако ја добил наградата за најдобар спортист на годинаа 2025.
- Во Мадрид од денес (21-ви април) до 3-ти мај ќе се игра врвниот АТП Мастерс 1000 турнир на кој ќе настапи целиот тениски крем освен Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Шпанецот веројатно ќе го пропушти и АТП Мастерсот во Рим.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.