- Дваесет и шест годишниот Кирил Десподов е голема ѕвезда на бугарски Лудогорец и капитен на репрезентацијата на Бугарија.
- На 2. јуни 2022 Десподов беше стрелец на голот во ремито 1:1 меѓу Бугарија и Македонија во меч од Лига на нации во Разград, а го постигна и единствениот погодок за победа на Бугарите на реваншот во Скопје во септември минатата година.
- Десподов ја добил наградата најдобар фудбалер на годината во Бугарија, а во подолго интервју за бугарската државна телевизија Бтв, на прашањето кој му е најдраг гол во кариерата, рекол:
- „Еден од најважните голови ми е против Македонија. Ме погоди што ни ја исвиркаа химната, ама затоа ги победивме. Македонците ја победија Македонија? Ако ги прашаш Македонците, ќе си го присвојат и Роналдо. Тоа што сум од Кресна, место кое е близу Македонија и го нарекуваат македонскиот крај не значи дека сум Македонец. На мојот пасош стои бело-зелено-црвено“, изјави напаѓачот.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.