- Еден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња кои неодамна влезе во Куќата на славните во Спрингфилд (САД), вели дека денес најмногу му се допаѓа и најмногу на него потсеќа Јанис Адетокумбо, двократниот МВП играч и актуелен НБА шампион со Милвоки Бакс.
- На констатацијата на некои стручњаци дека Кукоч бил поталентиран на времето од Јанис, макар со топка во раце, Тони вели:
- „Се сложувам со тоа дека он нема баш некој шут. Негоиов шут е од под, нема скок-шут. Не ми е јасно зошто е така зошто не можат да го научат воопшто, ама затоа има се друго. Мислам, каков е тој аргумент за некого кој во финале на НБА уфрла преку 50 поени и станува МВП, дека немал шут и затоа не го бидува?“
- Кевин Дурент пред неколку години на еден меч меѓу Оклахома и Чикаго Булс, го здогледал Кукоч како седи покрај паркетот и му пришол:
- „Ме праша дали смее нешто да ми раскаже. Го прекинав да му кажам дека го сметам за најдобар играч во лигата и дека никогаш во живот не сум видел така мека рака. Ми се заблагодари и ми кажа дека сега сум му уште подраг. Ми призна дека после секој меч на моите Булси со другарите излегувале на улица да играат баскет и сите се тепале кој ќе биде Џордан, Пипен или Родман, само Кевин Дурент и брат му се тепале кој ќе биде Кукоч“.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.