Фото: Epa Images
- Најпознатиот италијански мастер за трансфер преодни рокови Џанлука Ди Марцио синоќа во јавување на Скај Спорт објави дека Јувентус многу сериозно се намерачил да го доведе нигерискиот шпиц Виктор Осимен кој е под договор со Наполи.
- Интересно Осимен по шампионската титула и освоен Куп со Галатасарај во Турција каде беше најдобар играч, мора да се врати во Наполи со кој е под договор и да се појави во базата, но прашање е дали воопшто ќе остане во Неапол на кого му донесе историско шампионско скудето со Елиф Елмас.
- Јувентус планира да го доведе Виктор Осимен наместо Душан Влаховиќ кој е пред заминување во друг клуб. Откупната клаузула на Нигериецот е 75 милиони евра но важи само за странски, не и за италијански клубови. Ал Хилал наводно бил спремен да ја плати таа сума а Јуве би требал да плати околу 80 милиони евра.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.