Јагуриновски не оди на Европско
5 јануари 2026
- „Ве информираме дека ракометарот Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година, поради повреда“, соопштува РФМ
- Останатите 19 ракометари ќе патуваат на подготвителниот турнир во Винтертур и ќе играат на пријателските средби со Бахреин, Украина и Швајцарија.
- Селекторот Кире Лазаров го направи резот за ЕП: Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски, Атанасијевиќ Петар, Иван Џонов, Костески Никола, Костески Ненад, Атанасијевиќ Павле, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Филип Кузмановски, Дамјан Митев, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев.