- Не поминаа ни пет месеци како потпиша со Ал Наср во Саудиска Арабија, а сега се погласно се зборува дека сака да си оди. Прилично очекувано беше уште од самиот старт дека ќе има ваков развој на настаните.
- Реномираниот Мундо Депортиво во денешното издание пишува дека Португалецот сака да замине со семејството од Саудиска Арабија, а дека една од поглавните причини за тоа наводно била недоволно развиената инфраструктура ширум градот и земјата.
- 37-годишниот Кристијано Роналдо доби астрономски и рекорден договор од богатите Арапи, но сега сака да се вратил во Европа каде едно време имаше проблем во пронаоѓање нов клуб (поради високите примања).
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.