- Британските медиуми се повикуваат на извори од Катар кои тврдат дека Шеик Јасим бин Хамал Ал Тани ја победил понудата на англискиот милијардер Сер Џим Ратклиф и дека паднал договор со Глејзери кои се сопственици на мнозинскиот пакет акции.
- Веќе неколку години трае целата сага околу нови газди на тимот од „Олд Трафорд“. Шеикот Јасим Ал Тани во изминатиот период пратил дури пет понуди а финалната, наводно била доволна да ги убеди упорните и омразени во Манчестер, Глејзери.
- Катарскиот бизнисмен Заидм Ал-Хамдан, шеф на групацијата Армасајт, на Твитер напишал: „Честитки до Шеик Јасим Бин Хамад Бин Јасим на неговото купување на клубот Ман. Утд“.
- Миленикот на скопските Комити, Црногорецот Вуко Борозан пред неколку недели по втор пат го напушти Вардар 1961. Се очекуваше да најде ангажман во странство, се споменуваа и арапските земји или клуб од Западна Европа, но на крајот Борозан реши да остане таму каде што му е најубаво, во Македонија.
- Негов нов клуб ќе биде РК Охрид кој ги продолжува неверојатните ангажмани на трансфер пазарот со цел да ги исполни амбициите да се бори за шампионските трофеи во догледно време.
- Борозан беше дел од големите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена и прашање е како навивачите ќе реагираат на овој чекор.
- Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги добија највисоките признанија на традиционалната манифестација „Спортист на годината 2025“, која се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
- Рустемовски до признанието „Спортист на годината“ стигна по освојувањето на сребрен медал и вицешампионската титула на ЕП У23 во Ереван. Во изборот, тој беше подобар од номинираните Енис Барди, Стефан Михајловски, Андреас Трајковски и Владимир Егоров.
- Во женска конкуренција, титулата најдобра спортистка ѝ припадна на Попева, која лани стана шампионка на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана (Шпанија). За признанието беа номинирани и Ангела Мојсовска, Александра Марковска, Катерина Ацевска и Сашка Колеска.
- Министерството за спорт традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа во МОБ, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“.