- Италијанската влада донесе закон за забрана на бројот 88 затоа што се смета за симбол на нацизмот и антисемитизмот.
- Бројот 88 се забранува затоа што го симболизира нацистичкиот поздрав „хајл Хитлер“. Осмата буква од абецедата е „Х“.
- Тројца фудбалери од Серија А за следната сезона ќе треба да ги променат броевите, тоа се Марио Пашалиќ од Аталанта, Тома Башиќ од Лацио и Томас Ринкон од Сампдорија.
Фото: Epa Images
- Откако во четвртокот вечер Барселона стана нов шампион на Шпанија, а Реал Мадрид остана и без трофеи во Кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија и Лига на шампиони, управата на клубот реши веднаш да почне со сериозна работа за следната сезона.
- Според Фабрицио Романо, Реал веќе го договорил 20-годишниот стопер Дин Хојсен од Борнмут. Хојсен е висок 1.95 игра како класичен централен дефанзивец. Интересно тој е роден во Амстердам, Холандија а неодамна реши да игра за репрезентацијата на Шпанија. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула од 60 милиони евра и тоа во три рати по 20 милиони евра.
- Кариерата ја започнал во шпанска Коста Унида од каде оди во Малага. Во 2021-ва Јувентус го донесе како огромен потенцијал но никогаш не доби шанса во Торино. Го пратија на позајмица во Рома а од таму потпиша со Борнмут. Сезонава на 30 меча имаше 3 гола и 1 асистенција во англиската Премиер лига. Важи за огромен талент и еден од најдобрите млади стопери на денешницата.
- Уништена фасада поради протекување на атмосферска вода, недовршени тоалети, лоша изведба на влезните врати, лажно запишана опрема за греење и ладење, непостоечка автоматска дојава на пожар иако истата е запишана дека е изведена, незавршени молерофарбарските работи, како и кородирање на челичната конструкција поради лоша обработка, пишува mms.mk за состојбата во која се наоѓа стадионот на Брегалница.
- Авансот за стадионот во Штип од страна на УЕФА е исплатен уште во 2021 година, но до овој момент реконструкцијата ни одблизу не е завршена.
- Финалниот рок за завршување на сите работи и технички прием на западната трибина на стадионот во Штип е 31.07.2025 година.