- Рафаела Пимента му беше најблиска соработничка на легендарниот супер агент Мино Рајола. По неговата ненадејна смрт во 2022-ра, Бразилката Пимента ги презеде обврските околу неговите клиенти, воглавно сите светски ѕвезди.
- Во меѓувреме Пимента успеала и да договори трансфер на младиот Србин Лазар Самарџиќ од Удинезе во Интер. Тоа требаше да биде еден од најинтересните трансфери во летниот преоден рок, но таткото на играчот, Младен Самарџиќ наводно барал уште бонуси и пари, рекол дека тој никогаш не ја овластил Пимента да биде посредник и Интер се повлекол од целата зделка.
- Пимента потврдила дека таткото на Лазар е виновник за пропаднатиот трансфер а истото го потврди и прославениот фудбалер Александар Коларов. „Јас ги запознав со неа и таа среди се околу трансферот. Младен кажува многу лаги. Тој лаже“, рекол Коларов.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.