- После неколку месечни превирања со управата на Атлетико Мадрид која одбива да го продаде Аргентинецот во Барселона, Хулиан Алварез долго време одбивал да се појави на тренинг, да дојде во клупската база и се спротивставувал на стручниот штаб и управата.
- Откако сфатил дека ниту веројатно Барселона има доволно средства да го реализира трансферот и дека Атлетико Мадрид неколку пати му укажувал на грешката на Антоан Гризман кој исто запнуваше по секоја цена да оди во Барселона и отиде, па се врати и се извинуваше, Хулиан Алварез им се исповедал на соиграчите.
- Новинарот Мигел Мартин Талавера во емисијата „Ел Ларгуеро“ рекол дека напаѓачот „веќе не крие од своите соиграчи во соблекувална дека направил грешка како се однесувал со интересот на Барселона и дека неговата посветеност кон Атлетико е над сè“,
- Останува да се види како ќе реагираат управата, Диего Симеоне и навивачите на Атлети.
- Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември во Скопје ќе започне на 10. септември.
- Цената на влезниците се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари.
- Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.
- Редовниот евролигаш Монако во последните година дена се соочи со страшни административни и финансиски проблеми па клубот практично беше пред распад. Пред неколку дена го исфрлија во трета француска лига, а на нивно место во Еврокуп ќе игра КК Босна во групата Д.
- Некогаш богатиот тим од кнежевството со сопственици милијардери сега изразил желба да се приклучи на силната регионална АБА лига, но од таму им одговориле дека „доцна се јавиле“ односно дека форматот и календарот веќе се востановени и првенството ќе почне како што е договорено, без измени.
- „Монако се јави во АБА лига со желба да игра АБА1 лига. Знаете ништо што се мина тој клуб во последните година дена. Кога се јавија ние веќе имавме направено формат и календар и не е можно да се приклучат. Мојот предлог на Собранието ќе биде да минат низ АБА 2 лигата и евентуално следната година да ги приклучиме во АБА 1 лига. За тој клуб мислам се најдобро, лично ги знам луѓето од нивната управа и жал ми е низ што поминаа“, рекол првиот човек на АБА лигата, Остоја Мијаиловиќ кој е и прв човек на КК Партизан.