- Хорхе Алмирон веќе не е тренер на Бока Јуниорс. Оваа одлука на тренерот и неговиот стручен штаб доаѓа после поразот во спектакуларното финале на Копа Либертадорес од Флуминенсе 2:1 после продолженија, но и поради слаби резултати во Аргентина.
- Бока е на седмо место во аргентинското првенство и можно е да остане без шанси за разигрување. Хорхе Алмирон стана тренер на Бока во април годинава а договорот му важел до крајот на сезонава. Сепак решил да даде оставка.
- Хрватска ќе биде единствената репрезентација која нема да е сместена во Хернинг и ќе престојува во Силкеборг од каде што ќе патува 40 км до салата каде што се играат натпреварите.
- По победата над Унгарија, Хрватска морала да патува пет часа со автобус од Малме до Хернинг каде што пристигна на еден ден пред полуфиналето.
- „Патувањето беше напорно, некои играчи буквално спијеа на подот од автобусот од што беа исцрпени, споед многумина организацијата на турнирот е исклучително лоша“, пишува проталот „Гол.хр“.
- Вечерва од 21 часот ќе се одиграат сите 18 натпревари од последното коло на Лига на шампиони. Во вторникот вечерта немаше фудбал, сите натпревари се закажани за вечерва. Дури 32 екипи од вкучно 36 имаат шанса за пласман во следна рунда.
- Арсенал и Баерн Минхен се сигурни патници директно во осминафинале, а за разигрување шанси имаат голем број екипи. Од 6-то до 13-то место има група клубови со по 13 бода и сите ќе бркаат директен пласман во 1/8 финале и ќе се потрудат да избегнат доигрување.
- На крајот тимовите пласирани од 9-то до 24-то место ќе играат во доигрување за пласман во осминафинале. 9-от и 10-от ќе играат против екипите кои се на 23-то и 24-то место, 11-от и 12-от ќе играат против 21 и 22 на табела и така натаму.
- Дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Њукасл во директен дуел за место кое води право во 1/8 финале.