- Најозборуваниот фудбалер секое лето во изминатите пет-шест години и овојпат е главен трансфер муабет. Италијанските медиуми го селат Сергеј Милинковиќ-Савиќ од година во година во Јувентус, Интер, Милан, Реал Мадрид, ПСЖ.
- На крај по сè изгледа од Ал Хилал, клуб од Саудиска Арабија стигнала понуда која не се одбива. Наводно, пишува инсајдерот Фабрицио Романо, на адреса на Лацио и српскиот репрезентативец дошла стрмоглава понуда која гласи: 40 милиони евра за клубот, 60 милиони за играчот за три години (20 милиони евра по сезона).
- Пред натпреварот Ница - Рома (1-2) од 1. коло во Лига Европа, француската полиција осуетила и привела повеќе од 100 навивачи на Рома меѓу кои нашле арсенал студено оружје, палки, метални шипки, боксувачи, димни бомби и др.
- 28 навивачи од Рим по брза судска постапка биле осудени на минимум 2-месеци затвор во Ница и таму ќе останат најмалку до крајот на ноември. На оние кои се ресидивисти, односно кои го повториле делото и биле учесници во инциденти и нереди на натпреварите против Тотенхем, Билбао и Сервет, им се заканува и затворска казна до 5 години. Обвинителството во Ница им ги одбило барањата за депортација. Останатите 89 биле депортирани назад во Италија на нивен трошок.
- Рома победи 1-2 со головите на двајцата стопери Еван Ндика и Џанлука Манчини.
- Како што беше објавено веднаш по трагедијата, Ливерпул остана на зборот и целосно го исплати преостанатиот дел од договорот на семејството на Диого Жота.
- Португалецот имаше уште две сезони договор со клубот од Енфилд. Потврдата стигна од Арне Слот.
- „Неколку пати повторив колку бев горд на реакцијата на навивачите во тие денови. Сопствениците се претежно оние кои критикуваат, како и тренерите. Но, начинот на кој се справија со целата оваа ситуација... Тие им ги исплатија на сопругата и децата на Диого сите пари од договорот. Можеби луѓето мислат дека тоа е нормално, но тоа не е нормално во фудбалот“, рече тренерот на Ливерпул.
- Ливерпул, исто така, направија нешто што никогаш порано не го направие. Го повлекоа бројот 20 во сите младински категории и во првиот тим.