Градот во кој фудбалот е религија, а Марадона Господ
9 мај 2026
- Паролата „Господ постои“ е испишана буквално низ целиот град, потенцирајќи дека за жителите на Неапол Диего Армандо Марадона не е само фудбалер, туку спасител, идол и симбол на гордоста на југот.
- Во град кој со децении бил потценуван од северот на Италија, токму Аргентинецот им покажал на неаполците дека можат да бидат најдобри и дека нивниот Наполи може да владее со светот.
- Марадона одамна ја надминал границата на спортот и станал вечен симбол на градот – човекот кој им ја донел најголемата гордост и засекогаш го обединил југот под сината боја на Наполи. Духот на Марадона живее во секој дел од Неапол.