- Македонската фудбалска легенда ја доби наградата за животно дело од Општина Струмица на денот на одбележувањето на патрониот празник на градот Св.15 Тивериополски свештеномаченици.
- ,,Сигурно никој од нас немаше да стаса до тие височини ако не беа струмичани кои секогаш не подржуваа, ако не беа нашите учители кои не учеа и ни го трасираа патот, ако не беа нашите тренери ментори кои не усовршуваа“.
- ,,Верувајте ми. Каде и да одев не криев да кажам дека сум Македонец роден во Струмица најубавото место на Балканот, место каде народот е насмеан, место каде господ дарувал убавини, град кој станува препознатлив во Европа не само по спортот, туку и по културата, музиката, науката, прогресот“ рече Пандев.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.