- „Се мачев цел натпревар, уште од четвртиот гем на натпреварот. Не сакам ништо да му одземам од победата, тој е фин дечко и борец, но јас не уживав во мечот“ изјави Новак Ѓоковиќ (39) откако беше шокантно елиминиран во првото коло на УС Опен од Аргентинецот Маријано Навоне.
- „Мислам дека беше очигледно дека се чувствував ужасно на теренот. За жал, ова е нешто што ме следи речиси на секој натпревар оваа година. Имам сериозен проблем со повраќање и гадење, а потоа целото тело почнува да ми откажува поради грчеви и болки“.
- „Едноставно грбот ми попушти на крајот од натпреварот, како и рамото, не можев да го доведам натпреварот до крај. Не знам дали можам да го решам овој проблем во иднина. Се трудам и ќе видиме. Не навлегувам во детали во моментов“, вели Србинот кој за прв пат од Австралија опен 2006, губи меч во прво коло на гренд слем.
Ноле не може повеќе
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.