Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Гиљермо Милано: Македонија е земја од која не сакаш да заминеш, а навивачите нешто најблизу до оние на Ривер и Бока

7 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Ова е мој прв европски предизвик, ама досега работев со Аргентина на четири Олимписки игри и преку 20 Светски првенства во сите старосни генерации. Не знаев што ме очекува, ама не се плашев. Од првиот момент кога пристигнав тука ја почувствував поддршката, а тоа за нас е многу позитивно. Тоа ни ја олеснува задачата да престојуваме и да работиме тука“.
  • „Се обидуваме да учиме македонски, сакаме да го знаеме јазикот на земјата во која работиме. Сепак, во моментов немаме време за да се посветиме на такво нешто бидејќи работиме преку 15 часа дневно и 24/7 сме посветени на ракометот“.
  • „Одигравме едно дерби досега во Битола, ја почувствувавме атмосферата. Беше навистина лудо, неверојатно и нешто што не сум го видел во животот во 20 години. Ми се допаѓа фолклорот на ривалството во Македонија, така е и во Аргентина. Сепак, веднаш по крајот на мечот сите се Македонци и нема простор за ништо повеќе“.
  • „Навивачите на Вардар се неверојатни, веднаш луѓе нè препознаваат и поздравуваат на улица. Ова е земја која не запира да ме изненадува. Ми делува како сите во Скопје да се вардарови навивачи. Ми изгледа дека Македонија е земја од која не сакаш да заминеш, туку да останеш засекогаш“, вели во интервју за гол.мк 51 годишниот аргентински стратег на РК Вардар, Гиљермо Милано.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Од фудбалска школа во Струга, до тренинг со Лукаку и Канте

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
  • Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
  • Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Записи од српската еуфорија

Балканштина
2

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Балканштина
3

Кај ти текнуваат такви работи?

Забава
4

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

5

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
6

Ако викендов ви е лош, тешете се со Илон Маск

Разно
7

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
8

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
1

Почнаа славите

Фудбал
2

Меси удри играч со топка во глава

Фудбал
3

Голеада за паметење во Бергамо, Елмас стрелец

Фудбал
4

Гери Невил шамари си маваше во студио

Фудбал
5

Луд кош со сирената, цела сала на Њујорк Никс во делириум

Кошарка
6

Нова ѕверска партија на Виктор Вембанјама

Кошарка
7

Како Ливерпул го прегази кутриот Манчестер Јунајтед

Фудбал
8

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Луѓе кои без причина мразат други луѓе

Претседателски совети

Шарените во две илјади ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА година

Кога ПР-от ти пука во нога

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy