Фото: Epa Images
- Во женската фудбалска лига на Шпанија се погласно се зборува за барања за промена во правилникот на натпреварување. Пред три години кога женската суперлига на Шпанија се реорганизирала во Лига Ф, во правилникот пропишале дека натпреварите под нивна закрила може да ги судат само жени-судијки.
- Во најскоро време треба да се одржи средба меѓу Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF) и Лига Ф (Феминил), на која ќе се разгледуваат можностите машки судии да се вратат во женскиот фудбал.
- Повод за ова е што многу фудбалерки, тренери и управи на женските екипи ја критикувале работата на судијките. Тие сами барале дијалог со Кралската шпанска фудбалска федерација. „Треба да имаме подобри судији, без разлика дали ќе бидат мажи или жени“, рекла голманката на Барселона Ката Кол после поразот од Реал Мадрид (прв после 18 победи на женската екипа на Барселона во „Ел класико“).
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.