- Делегација на магазинот Франс Фудбал кој што децениски ја доделува престижната награда „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот, решила да го посети Реал Мадрид со цел да го поправи односот со „кралскиот клуб“.
- За потсетување, минатогодишната церемонија „Златна топка“ заврши со скандал по врачување на наградата на Родри од Манчестер Сити. Кога дознале дека Винисиус нема да ја добие наградата, од Реал решија да ја повлечат својата делегација од патување во Париз и ги прекинале односите со организаторите на церемонијата.
- Како што пишува шпанска Marca, во последните месеци Франс Фудбал пробува на секаков начин да ги возобнови односите со Реал Мадрид. Француска делегација дошла во Мадрид со цел да ги спуштат копјата пред церемонијата закажана за 22 септември, но Реал Мадрид не ги примил.
- Наводно на „Сантијаго Бернабеу“ уште не им било јасно зошто бил изменет системот за броење гласови и критериумите кои ги применувале до тогаш.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.
- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.