Франција со нов селектор на долги патеки
28 јули 2026
- После долгите најави кои траеа со години, Зинедин Зидан конечно ќе седне на селекторското место на Франција. Легендарниот фудбалер кој со голем успех го водеше Реал Мадрид правеше пауза од 2021-ва година и после 5 години повторно ќе тренира.
- Откако Дидие Дешам затвори едно успешно историско поглавје и ја напушти репрезентацијата на Франција после 14 години на клупата. Дешам остава импресивно наследство со злато на Светско првенство 2018 во Русија, финале на Светско првенство и сребрен медал во 2022 и трофеј од Лига на Нации во 2021-ва. Дешам стана еден од тројцата луѓе во историјата на фудбалот кој освоиле Светско првенство (1998) и како играч и како селектор.
- Зинедин Зидан побарал и најверојатно ќе добие долгогодишен договор а се споменува 8-годишна соработка со француската фудбалска федерација.
- Дешам изјави дека тој заминува не по своја воља, туку по нарушена атмосфера во репрезентацијата и лоши односи меѓу играчите и Фудбалската федерација на Франција.