- Некогашниот познат лев бек на Депортиво Ла Коруња, Атлетико Мадрид, Фламенго, Челси и бразилската репрезентација Филипе Луис (40) почна скоро како тренер. Работеше со младите фудбалери У-17 на Фламенго па преку У-20 стигна до прв тим на Фламенго.
- Дојде на место на легендарниот Тите и прво беше поставен како в.д. тренер, како привремено решение. Уште во првата сезона го освои пехарот во Купот на Бразил, а после неколку месеци и шампионската титула во Копа Либертадорес и шампионски трофеј во првенството на Бразил.
- Со три најголеми трофеи во бразилскиот фудбал стана хит тренер и за него се заинтересираа големи европски клубови.
- Во меѓувреме Фламенго му понудил богат нов договор, а Филипе Луис преговарал со луѓето од Челси. Се испоставило дека го планирале за нов тренер на француски Стразбур кој е филијала на Челси. Луис првично ја одбил понудата на Фламенго а кога сфатил дека не го викаат веднаш за Челси туку за Стразбур решил да остане во бразилскиот гигант но тогаш добил моментален отказ.
- Нов тренер на Фламенго е Леонардо Жардим.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.