- Во свое обраќање на самитот на Г20 на Бали во Индонезија, претседателот на ФИФА Џани Инфантино на светските лидери им порача дека фудбалот нуди платформа за мир и едномесечен прекин на огнот.
- „Мојата молба до сите вас е да размислите за привремено, едномесечно примирје додека трае Светското првенство или барем да се воспостават некакви хуманитарни коридори или што било што може да доведе до продолжување на дијалогот како прв чекор кон мирот. Вие сте светски лидери и имате можност да влијаете врз текот на историјата. Фудбалот и Светското ви нудат единствена платформа за единство и мир низ целиот свет“, рекол Џани Инфантино.
- Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември и ќе биде прво Светско првенство во зимски период поради високите температури во оваа земја преку лето. Ова ќе биде последно Светско со 32 селекции, на следното во САД, Канада и Мексико ФИФА одлучи да има 48.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.