ФФМ со соопштение: Над 2,5 милиони евра исчезнале од ФФМ, во времето кога Илчо Ѓорѓиоски бил претседател
18 јуни 2026
- Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со соопштение по повод апсењето на поранешниот прв човек на македонскиот фудбал, Илчо Ѓорѓиоски.
- „Во врска со предметот кој Фудбалската федерација на Македонија го пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во 2019 година, информираме дека по поднесената пријава беше спроведена истрага од страна на Управата за финансиска полиција, по што во 2020 година беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
- Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од јануари 2015 година до крајот на 2019 година изнесува повеќе од 2,5 милиони евра“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.