- Фудбалската федерација на Македонија ќе издвои 200.000 евра за нова трева на стадионот со кој стопанисува ПУИГ, односно Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
- „Нема повеќе да се брукаме. Итно влегуваме во поставување на нов модерен терен. Ќе бидат потребни шест до осум недели и против Англија ќе играме на најубав терен“, вели за спортспорт.мк првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
- Станува збор за хибриден терен како на Маракана во Белград со микс од вештачка (70%) и природна (30%), трева.
- Импресивната игра и петте стартни победи на лидерот и досега единствениот непоразен тим, Работнички во 35. прволигашко кошаркарско првенство, во МТЕЛ Супер Лигата, се неговиот најдобар клупски старт по пауза од девет години. Во таа сезона 2017/2018 тогаш исклучително моќниот Работнички, кој беше најмалку за класа подобар од конкурентите, го заврши регуларниот дел со импресивните и неповторливи максимални 22 победи.
- Играта на сегашниов Работнички сè повеќе почнува да потсетува на славните времиња на (Годел, Фершпед) Работнички! Широк е фондот на квалитетни и за тимот мошне важни домашни кошаркари – такви се најмалку седуммина. Разновиден е начинот на игра, што го практикува шефот на стручниот штаб Владимир Мирковски, кој, помеѓу другото, одлично ја распоредува и минутажата. Темелот е цврстата и агресивна одбрана. Одлично се избрани и вкомпонирани исклучително квалитетните три странски засилувања кои се максимално подредени на тимот.
- Дали стартов мириса на борба за шампионскиот пехар во за Работнички посебно убава година во која се прославува јубилејни 80 години постоење, во голема мера ќе покаже и градското дерби против МЗТ Скопје за неколку дена.
- Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
- Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.