ФФМ го суспендираше Сејдини на две години
6 февруари 2026
- Дисциплинската комисија на ФФМ го казни Муамед Сејдини за вршење на функција во траење од две години поради „измама и доведување во заблуда орган на фудбалска организација“.
- „Утврдено е дека Одборот за итност на ФФМ на 27.11.2024 година донел одлука за прифаќање на понуда од ДПТУ ЕНЕРГОИНВЕСТ ТРЕЈД ДОО Скопје, за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во износ од 202.919.610,00 денари без ДДВ, без услов за авансно плаќање, и го овластил тогашниот претседател Муамед Сејдини да потпише договор согласно прифатената понуда“.
- „Злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20%, кој не бил дел од прифатената понуда, при што авансот бил исплатен без обезбедена банкарска гаранција и без соодветно овластување“, стои во дел од соопштението на ФФМ.