- На свои 35 години и после икс тешки повреди, некогаш најостриот центарфор на светот, си најде свое место под небото на Рајо Ваљекано.
- Колумбиецот Радамел Фалкао со 55 гола на 73 меча во Ла Лига е најдобриот стрелец со учинок goals-per-game после Кристијано Роналдо (1,07) и Лионел Меси (0,91) во историјата на шпанското првенство.
- Блескаше од 2011 до 2013 во дресот на Атлетико Мадрид каде ја потврди својата класа, но подоцна многу повреди го спречија да ја продолжи голгетерската серија во Монако, Манчестер Јунајтед и Челси.
- Имаше две одлични сезони во Галатасарај со 20 гола на 43 меча но и во Истанбул често мака мачеше со отсуствата поради повреди.
- Сега игра во земјата и градот кои го лансираа во орбитата. На 35 години е лидер на Рајо Ваљекано каде брани македонскиот голман Столе Димитриевски. Дебитираше со гол против Хетафе и веднаш ги освои навивачите.
- Сезонава веќе има 3 гола на 5 меча а вечерва во предградието на Мадрид доаѓаат Куман и Барселона.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.