Емитувана првата епизода од серијалот по повод 80 години КК Работнички
19 јуни 2026
- На Јутјуб каналот и друштвените мрежи на најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава КК Работнички емитувана е првата епизода од видео-серијалот по повод 80-годишнината од основањето на великанот.
- КК Работнички својот прв натпревар го одиграл на 2-ри август на Илинден во 1946-та година.
- Во серијалот зборуваат многу легенди. Работнички одигра 18 сезони во лигата на некогашна Југославија, освои во Македонија 15 шампионски титули и има 10 пехари во Купот на Македонија.