- Со шокантниот пораз дома од Емполи 0-1, шампионот Наполи ги продолжи слабите резултати и во моментов има дури 11 бода помалку од лидерот во Серија А Интер.
- Веќе долго време се шпекулираше дека газдата на Наполи Аурелио Де Лаурентис му спрема отказ на францускиот тренер Руди Гарсија но никако да му го врачи.
- Најпознатите италијански фудбалски новинари Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо тврдат дека Наполи веќе се договорил со хрватскиот тренер Игор Тудор кој лани го водеше Олимпик Марсеј со кого заврши трет во Лига 1. Гарсија веќе заминал за Франција каде ќе продолжи со тренерската кариера.
- 45-годишниот Тудор речиси 12 години беше во Италија како играч на Јувентус и тренер на Удинезе и Хелас Верона.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.