Драматична мајсторка се очекува во Валенсија: Доаѓаат ПАО и незгодниот Атаман
13 мај 2026
- Доигрувањето во Евролигата стигнува до вжештена кулминација. Вечерва од 21 часот Валенсија ќе го дочека грчки Панатинаикос во петтиот натпревар од серијата, а победникот оди на финалниот Ф4 на Евролига.
- Панатинаикос ги доби првите два дуели во Валенсија на гости и поведе со убедливи 0-2 во серија која се игра до 3 победи. Се беше спремно во „ОАКА“ Арената, домот на зелено-белите каде ќе се игра и Фајнал Форот, за нов триумф и „метла“ од 3-0 за „лилјаците“.
- Но предводени од најдобриот тренер на сезоната, возрасниот Педро Мартинез, Валенсија направи голем подвиг, израмни на 2-2 со две победи во пеколната сала во Атина и ја врати серијата во својата сала „Роѓ Арена“.
- „Оној кој ќе изгуби си оди дома, а јас живеам за вакви натпревари. Цела кариера се спремав за вакви моменти и нема сомнеж дека ќе бидеме подготвени“, рекол лидерот на Панатинаикос Кендрик Нан.