Доскорешен фудбалер на Интер се враќа во Иран да ја брани земјата
3 март 2026
- Најдобриот ирански фудбалер во изминатите години, центарфорот на Олимпијакос Мехди Тареми побарал од грчкиот клуб да го ослободи и рекол дека сака да оди дома во Иран со зборовите: „Ѝ требам на мојата земја“.
- 33-годишниот Тареми блескаше во дресот на Порто каде од 2020 до 2024 постигна 64 гола на 122 натпревари. Играше уште и за Интер со кого настапи во финале на Лига на шампиони, а во кариерата ги бранеше и боите на иранските клубови Шахин Бушер, Иранџаван, Персеполис. Беше во Ал Гарафа и во Рио Аве а од 2025-та е во Олимпијакос.
- За Иран има 56 погодоци на 101 натпревар.