- За разлика од минатите сезони кога и глобалната пандемија ги измеша брзините во спортот и не се знаеше кој до кога паузира а кој кога продолжува, овојпат во најдобрите пет лиги, јануарскиот преоден рок е отворен до 31-ви јануари.
- Премиер лига, Ла Лига, Серија А, Бундеслига и Лига 1, клубовите ќе можат да прават трансфери, да купуваат и продаваат играчи до крајот од месецот.
- Вообичаено кој не нашол клуб, среќата ќе може да си ја бара и во текот на февруари, како по обичај, во Турција, Австралија, Кина, Мексико, но и Португалија.
- Најдобриот светски тенисер на сите времиња според многумина, Новак Ѓоковиќ во објава на Инстаграм му честиташе победа против Велс на неговиот добар пријател Един Џеко со натпис: „Браво Едине, браво БиХ!“, а сега допатувал во Босна и Херцеговина за да го следи дуелот БиХ - Италија.
- Овие две селекции вечерва од 20:45 ќе играат на стадионот „Билино Поље“ во Зеница за пласман на Светско првенство 2026.
- Ѓоковиќ го искористил патот во БиХ и по седми пат да отиде кај фамозните „Босански пирамиди“ каде домаќин повторно му беше Семир Османагиќ.
- Легендарниот голман и капитен на репрезентацијата на Бугарија и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов починал утрово во Софија. Тој почина на 63 години после долго боледување.
- Михаилов од минатата година беше во вештачка кома и не успеа да преживее и покрај големите напори од лекарите и најблиското семејство, пишува бугарски ДСпорт.бг.
- Борислав имаше 102 натпревари за репрезентацијата и важи за најдобриот голман во историјата на Бугарија. Неговиот син Николај Михаилов исто така беше голман и капитен на бугарската репрезентација а токму тој ја соопштил тажната вест за татко му.
- Михаилов бранеше за Бугарија на Мундијалот 1986 во Мексико каде запиша 4 настапи и на кулното Светско првенство 1994 во САД каде Бугарите направија чудо, стигнаа до полуфинале а Борислав претходно во четвртфиналето против Мексико ги спаси со две бравурозни одбрани. Бранеше и за Левски, Белененшеш, Мулуз, Ботев, Рединг, Славија и Цирих.
- Од 2000-та беше член на Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз а од 2005-та го избраа за претседател, функција која ја вршеше цели 18 години пред да ја напушти функцијаа поради болест.