- Ѓоргиев го освои златото на Светското првенство во кик бокс, во категорија лоу кик до 81 килограми.
- Доминацијата на шампионат во Италија, ја потврди во финалето против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина кој го совлада со 3:0.
- Златното момче од Неготино има вкупно 9 медали од кои 4 златни на Светските првенства.
- Одбојкарската репрезентација на Македонија помалку го обели образот и со триумф го заврши своето четврто учество на европските првенства, совладувајќи го Израел со 3:0 во Софија, по сетови 25-21, 25-23 и 25-22.
- Капитенот Никола Ѓорѓиев уште еднаш беше најдобар поединец во македонската репрезентација со 20 поени, пред Стојан Илиев со 14.
- Единствената победа на шампионатот по четирите максимални порази ги искачи „црвено-жолтите“ на петтото место во групата Б, оставајќи ги Израелците зад нив и спречувајќи ги да се пласираат во осминафиналето.
- Македонија претрпе 4 порази во групната фаза: од домаќинот Бугарија, од големиот фаворит за титулата Полска, од силната Украина и од Португалија. Со триумф над Израел Македонија со 1-4 го заврши учеството на четвртото Европско првенство по ред.
- Во годината кога по речиси дведецениска пауза го освои Купот на Македонија, ФК Вардар забележа и успех на финансиски терен.
- Приходот го зголеми за 544 насто, а добивката за 158 насто. Сепак, финансискиот семафор покажува дека фудбалскиот клуб сè уште игра тежок меч со наталожените обврски и загуби.
- Вардар има вкупни обврски од 5,13 милиони евра. Сите се прикажани како краткорочни. Иако износот е намален во однос на состојбата од 2024 година и тогашните 6,43 милиони евра, сепак обврските и натаму се повеќе од 32 пати поголеми од вкупната актива.
- Најголемиот дел се однесува на обврските по заеми и кредити од речиси 3 милиони евра, стои во анализата на pari.com.mk.