Делегатот на мега дербито Реал - Сити ќе биде Македонец
9 декември 2025
- Поранешниот генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски, ќе има чест да биде делегат на битката од ЛШ меѓу титаните Реал Мадрид и Манчестер Сити, кои се судруваат во среда од 21:00 часот.
- Поповски има голем рејтинг во УЕФА. Беше прв Македонец кој беше назначен за делегат на едно финале на Европско првенство, а тоа се случи лани на 14 јули на финалето Шпанија - Англија.
- На истото првенство беше делегат и на уште пет средби: Турција - Холандија, Италија – Швајцарија, Шпанија – Хрватска, Полска –Австрија и Холандија – Австрија.