Дарко Велковски за својата кариера во подкастот на ФФМ
11 јуни 2026
- Во подкастот на Фудбалската федерација на Македонија воден од харизматичниот водител Златко Андоновски, македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски раскажа за почетоците и текот на неговата богата кариера. Освојуваше титули и трофеи каде и да играше.
- На 16 години ја воодушеви македонската фудбалска јавност кога настапи за Работнички против Лацио. Карпошкото дете Дарко Велковски своите први фудбалски чекори ги направил во Македонија Ѓорче Петров, продолжил во Работнички кај тренерот Горан Петрески-Чунга Лунга а потоа продолжи во Вардар, Ријека, Ал-Етихак, Динамо Букурешт, Зрињски Мостар...
- Тој е еден од ретките кој играл и младинско Европско првенство и сениорско со Македонија.
- Сега на 31 година е во Вардар со кого ја освои шампионската титула сезонава 2025/2026.