- По долги нагаѓања и шпекулации, Евролига конечно пресече и стави крај на сите гласини. Следната сезона најдобрата европска кошаркарска лига ќе има 20 учесници наместо досегашните 18. Меѓу нив и Партизан и Црвена звезда кои ќе добијат тригодишна сигурна лиценца за учество за која ќе треба да платат по 750.000 евра по сезона, односно вкупно 2.250.000 евра.
- И натаму се чека официјална потврда од челниците а на неодамнешниот состанок во Абу Даби е решено ист договор да добијат уште и Виртус Болоња, Париз и Валенсија, а на една година да добие израелски Хапоел Тел Авив. Монако извесно ќе добие евро-лиценца на 10 години.
- Од следната сезона учесник ќе биде и дебитантот Дубаи кој сезонава игра и во јадранската АБА лига.
- Фудбалскиот судија Хавиер Ортега (48) бил убиен на терен за време на аматерски натпревар одигран во Пасахе, Еквадор.
- Играчите и навивачите вриштеле и барале да се засолнат, а судијата починал на лице место.
- Вооружените лица веднаш избегале и сè уште се на слобода.
- Во декември лани, еквадорскиот репрезентативец Марио Пинеда беше убиен во пукотница, а неговата мајка ранета додека излегувала од месарница во населбата Саманес во Гвајакил. Двајца осомничени мажи беа уапсени.
- Некогашниот легендарен германски голман кој стана симбол на Баерн Минхен, Оливер Кан изразил свое мислење по повод Мундијалот кој летово ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.
- „Во САД сега се случуваат многу нешта кои веќе не одговараат на нашите вредности. Еден од примерите е војната (во Иран). Но јас не сакам да прелистам што се Доналд Трамп направи од моментот кога се врати на претседателската функција. Сега невозможно е да се отиде таму во добро расположение“, рекол Оливер Кан.
- Како да подзаборавил дека и Германија е во воен блок и дава воена помош на други држави.