- Поранешниот македонски репрезентативец на 14 годишна возраст пристигна на Маракана, остана 11 години и замина како легенда со над 500 натпревари и повеќе од 100 гола.
- Потоа се врати во Црвена Звезда и како тренер, освојувајќи ја двојната круна во 2007 година.
- Белградскиот тим прослави 80 години од своето постоење и се реши со убав гест да ги препознае делата кои ги остави Бошко Ѓуровски во црвено белиот тим.
- „Многу сум горд, чест ми е што поминав толку години во Црвена звезда. Признаена е мојата лојалност и љубовта кон Црвена звезда, би сакал да се заблагодарам на раководството и фудбалскиот клуб што ми ја доделија наградата. Влегов во кругот на величествените и срцето ми е навистина полно, ги остварив моите соништа“, изјави Ѓуровски.
- Познатиот НБА зналец Ентони Ирвин смислил теорија според која не би било невозможно Никола Јокиќ да му се приклучи на неговиот добар пријател Лука Дончиќ.
- Со оглед на тоа што Денвер Нагетс не покажува ни малку амбиции во последниве години, се откажува од носителите на играта а не носи сериозни засилувања, идејата на Јокиќ до крајот на кариерата да остане во Колорадо би можела да се смени.
- „Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ кој е голем другар со Никола. Исто така можноста на нивен заеднички пик-ен-рол би била навистина уникатна. Двајцата можеби гледаат кон 2028-ма кога би можеле да донесат серија одлуки која би довела до тоа да заиграат заедно“, вели Ирвин.
- Србинот има договор со Денвер Нагетс вреден 276.000.000 долари потпишан во 2022 што значи дека ќе има играчка опција пред сезоната 2027/2028 односно да бира дали ќе остане, ќе потпише побогат договор или ќе замине како слободен агент.
- „Ако Лејкерс ослободат простор во селари-капот и сфатат дека можат да тргнат по Јокиќ, може да им речат на Нагетс, еј слушајте или заедно ќе работиме на трејд кој ќе биде добар и за вас или ќе почекате да стане слоободен играч и да ризикувате да замине без надомест. Слабеење на играчкиот кадар на Денвер Нагетс е добра вест за ЛА Лејкерс“, вели Ирвин.
- Дисциплинската комисија на ФФМ ги објави одлуките по натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
- Пазете го ова: Струга заврши на дисциплинска постапка зашто не обезбедила паркинг простор за гостинскиот автобус пред мечот со Вардар, а исто така имала и несоодветно обележување на теренот.
- Дисциплинска постапка ќе се води и против Тиквеш затоа што имале слаба организација, било фрлено шише со вода на терен и се скандирало на национална основа.