- Пред новото историско вечно дерби во кошаркарската Евролига (четврток 18:30), навивачите на Партизан и Црвена Звезда биле во меѓусебна и комуникација со своите управи, со цел да договорат реципроцитет на влезници за двете групи.
- Навивачите на Црвена Звезда понудиле едноставно решение, по 10% од капацитетот на белградска „Арена“, односно 2.000 карти за едните кога ќе бидат гости и за другите кога ќе бидат гости на следниот меѓусебен меч.
- „Минатиот пат едвам со крајни сили се изборивме сами да купиме 300 влезници и буквално до дента на одигрување на мечот не знаевме дали ќе не пуштат, а овојпат на понудата за 2.000 карти, се сложија на 1.000 влезници за да подоцна се јават и речат како не можат повеќе од 300 карти затоа што имале сезонски влезници. Пропадна уште еден наш обид за нормализација на дербито. Човек се држи за збор, а лимар за шасија (претседателот на КК Партизан Остоја Степановиќ на времето наовдно се занимавал како лимар).
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.